Непарни
коски се: ралник, долна
вилица и подјазична коска. Парни коски се: горна
вилица, непцева коска, долна непцева школка, носна
коска, јаболкова коска и солзна коска.
Friday, April 3, 2015
Горна вилица (maxilla)
Горната вилица претставува парна, најголема лицева коска. На неа се разликуваат тело и четири израстоци. Тело - наликува на тристара пирамида со база кон носната празнина, а врвот сраснат со јаболковата коска. Горната страна од телото учествува во градбата на подот од орбитата, предната страна претставува основа на образот, задната страна е свртена латерално и учествува во ограничувањето на слепоочната јама. На средината од носната страна се ноаѓа отвор на виличниот синус . Челен израсток – учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Јаболков израсток – се спојува со јаболковата коска. Непцев израсток – споен со истиот од спротивната страна, учествува во градбата на коскеното непце и тоа неговие предни две третини. Забниот израсток е насочен надолу и неговиот долен раб претставува забен лак. На него се забележуваат осум забни албеоли каде што се сместени корените од горните заби.
Непцева коска (os palatinum)
Непцевата коска е парна коска сместена зад максилата на која се опишуваат два дела : вертикален и водорамен. Вертикална плочка е сместена меѓу телото од максилата и крилестиот израсток од сфеноидната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина Водорамна плочка – се ноаѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во составот на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.
Долна носна школка( concha nasalis inferior)
Претставува тенка коскена плочка налик на школка. Нејзиниот горен раб споен со солзната коска, максилата и ситестата коска. Надворешната страна од школката заедно со носната страна од максилата и вертикалната плочка од непцевата коска ограничуваат долен носен ходник.
Носна коска (os nasale)
Носната коска е правоаголна коскена плочка што го гради коренот од носот. Горе е споена со челната коска, бочно со челниот израсток од максилата. Внатрешната страна од коската учествува во градбата на горниот ѕид од носната празнина.
Јаболкова коскa ( os zygomaticum)
Таа ја испакнува кожата на лицето во таканаречена јаболчница. На коската се разликуваат две страни: латерална или лицева и орбитална. Лицевата е подкожна, а орбиталната влегува со составот на латералниот ѕид од орбитата. На коската се разликуваат два израстока: челен израсток нагоре и слепоочен насочен надолу.
Ралник (vomer)
Ралникот е тенка непарна коскена плочка налик на ромб и учестува во градбата на коскената носна преграда.
Долна вилицa (mandibula)
Мандибулата е непарна коска на која се разликуваат тело и две гранки. Тело- наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток со забни јамички каде што се вметнати корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база. Вилични гранки на горниот крај завршува со два израстока: преден(‘’короноиден израсток’’) служи за поврзување на темпоралниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава за зглобување со темпоралната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.
Подјазична коска ( os hyoideum)
Непарна коска сместена по мандибулата во подјазичната мускулатура. Наликува на потковица со конкавитет свртена наназад. На неа се разликуваат тело, големи и мали рогови. Подјазичната коска не се зглобува со ниедна коска туку е поврзана со врски и мускули за черепот и градни от кош.
Subscribe to:
Posts (Atom)